Рони Барџи (17), запаметете го ова име. Роден е во Кувајт, има сириско потекло, инаку Швеѓанец а игра за данскиот Копенхаген, вака на прв поглед ова е замрсено.
Но Барџи пред три дена просто го уништи Манчестер Јунајтед. Влезе во игра во 63.минута и веднаш потсети на Лео Меси, со своите потези и фудбалска физиономија. Затоа е и наречен “шведскиот Меси“.
Во самиот финиш на средбата тој беше стрелецот на победничкиот гол за Копенхаген во тие епски 4:3 против Јунајтед.
Со тоа стана најмладиот фудбалер во историјата кој му дал гол на Јунајтед.
“Пука“ од самодоверба, а за себе вели дека целта е еден ден да стане најдобар фудбалер во светот:
“Еден ден ќе бидам најдобар фудбалер во светот. За тоа сонувам уште како дете, ништо не може да ме спречи. Сакам да одам во Реал Мадрид и таму да играм со години“ изјавува Барџи.
Roony Bardghji vs Manchester United
32 Minutes Played pic.twitter.com/oEUt8EliWk
— 🇳🇱²⁰ (@XaviProp_) November 8, 2023










