Митев: Ваквите мечеви се големо искуство! Ќе бидеме подобри и похрабри!

273

Алкалоид го одигра и четвртиот меч од EHF Европската лига. Гостуваше кај првиот фаворит во групата данскиот Бјерингбро – Силкеборг, а иако рековалесцент,  централен бек Марко Митев одигра одлична партија и беше најдобриот стрелец со девет погодоци од девет шутеви.

„Овој натпревар за мене, а верувам и за сите мои соиграчи е од огромно значење за тоа што нѐ чека понатаму. Сметам дека иако не го добивме овој натпревар, добивме многу на искуство и сметам дека понатаму ќе бидеме и подобри и сѐ похрабро ќе влегуваме на вакви големи и значајни натпревари.
Секоја чест за противничката екипа. И на возвратниот меч се покажа и докажа дека искуството на европската сцена значи многу, а играчите на Силкеборг го имаат многу повеќе од нас.
Овие натпревари ги гледам како можност за мене и моите соиграчи да напредуваме, да го градиме и усовршуваме нашиот стил на игра“, изјави Марко Митев.

Алкалоид во следното коло го чека уште едно гостување кај Војводина.

ПретходноШок за светскиот првак: Селекторот Скалони најави заминување!
СледноАрената „Тодор Проески“ се затвара до март!