Аргентина утринава на гости кај Бразил, во меч од квалификациите за СП 2026 годинам успеа да слави со 0:1. Секако дека овој триумф еуфорично се прослави меѓу “гаучосите“, но сепак многу брзо дојде до отрезнување, посебно по зборовите на селекторот Лионел Скалони, кој е главниот архитект на сите успеси на Аргентина, во последните две години, кажани на пресот.
Тој како да најави дека сака да си замине од местото селектор на светскиот првак:
“Во овие моменти морам да размислам за многу работи. Ова не е мое заминување, но морам да размислам. Тешко е да се продолжи со победите. На нашите фудбалери им треба тренер кој ќе им даде максимална енергија. Тоа ќе им го кажам на играчите и на претседателот на Сојузот“ истакна Скалони.
Аргентина со Скалони ги освои Копа Америја и Мундијалот во Катар, на 66 меча забележа 48 победи, 12 ремија и само 6 порази.
Дел од играчите веднаш истакнаа дека не им паѓа на памет да му дозволат на Скалони да си оди.