Арсенал влезе како фаворит против Ленс во меч од 5 коло во ЛШ, но ни самите не очекуваа дека толку лесно ќе поминат по првото полувреме. По првите 45 минута „Топчиите“ водат со 5:0 и тоа им се случува првпат во историјата (голови на Хаверц, Габриел Жесус, Сака, Мартинели и Одегард).
Уште повеќе, Арсенал првите четири гола ги постигна до 27 минута со што се изедначи со Манчестер Јунајтед со најбрзо постигнати голови од англиски екипи во ЛШ. Јунајтед тоа го направи против Брондби во ноември 1998 година. Таа година „ѓаволите“ станаа и европски шампиони.