СП 2023: Австрија славеше со гол во последната секунда, Норвешка победи со 32 разлика!

286

Со мечот меѓу Јужна Кореја и Австрија од групата Ц односно Бразил и Украина од групата Г, започна Светското ракометно првенство за жени што се одржува во Данска, Шведска и Норвешка. Австрија славеше над Јужна Кореја со 30-29 со гол на Катарина Панџа во последната секунда.
А во оваа група Норвешка го демолира Гренланд со 43-11. Најефикасни кај победничките беше Херем со седум гола. Интересно, само две ракометарки од ростерот не постигнаа гол на овој меч.
Во групата Г, Бразил стартуваше со победа над Украина со 35-20, а Шпанија го демолира Казахстан со 34-17.

ПретходноАрсенал првпат постигнува пет гола во прво полувреме во ЛШ
СледноДаниел Андоновски ќе игра за Трст