Хрватските медиуми во своите извештаи покрај победата на Загреб на гостувањето кај Пелистер со резултат 22-23 се осврнаа на навивањето и навредите од навивачите на македонскиот шампион кон играчите на Загреб поточно поранешните „вардарци“ Дибиров, Чупиќ и Моралес.
„Од самиот старт „Чкембари“ ги почетија со навреди Дибиров кој од вардаровите денови им е лут непријател, како и Чупиќ и Моралес. Но изгледа на тројцата, посебно на Моралес, тоа им беше добра инспирација“, пишува хрватски „24 часа“ во текстот со наслов.
„Загребчани слушаа тешки навреди од Македонците и ги замолкнаа во драмата“.
„Лутите “Чкембари“ ги навредуваа и судиите со „ЕХФ мафија“ затоа што не ја заборавија претходната средба на домашен терен што француските судии им украдоа гол против ПИК Сегет кој славеше токму со еден гол разлика“, дополнува порталот.