Женската ракометна репрезентацијата на Хрватска загуби од Унгарија со 23:22 во последниот меч од втората фаза по групи на СП и остана без четвртфинале.
Унгарките славеа со 23:22, резултат кој потполно и одговара на Црна Гора, која сега со Унгарија има по шест бода, а избраничките на Бојана Поповиќ имаат подобар скор од меѓусебниот дуел и вече се во друштво на осумте најдобри селекции во светот.
Романија со победа ја заврши главната фаза, откако го доби дуелот против Полска со 27:26 (13:10). Претходно, Србија која целосно потфрли на Мундијалот и на третиот дуел од главната фаза загуби,. Овој пат подобра од Србија беше Јапонија со 22:20. Со истиот резултат во меч без значење, Сенегал славеше над Камерун. За Сенегал ова беше прва победа во главната фаза и го освои петтото место во групата.