Нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски со уште еден натпревар без примен гол му помогна на Рајо да оствари реми против екипата на Селта со резултат 0:0. Столе пружи нова извонредна партија успевајќи да го сочува голот на екипата од Мадрид.
Натпреварот течеше мирно и без многу шанси на двете страни, па двете екипи можат да се задоволат со по еден бод. Со ова реми Рајо остана на 10-тата позиција, додека Селта се уште се наоѓа во опасната зона.
Во вториот натпревар од понеделничката програма екипите на Гранада и Атлетик Билбао исто така ги поделија бодовите со резултат 1:1. Стрелци на головите беа Вилиамс во 6-тата минута за водство на Билбао, како и Галарета кој со автогол донесе изедначување во 55-тата минута.