Богдановиќ против Јокиќ го одигра мечот на кариерата (ВИДЕО)

990

Богдан Богдановиќ постигна 40 поени на дуелот против Денвер, но тоа не беше доволно за победа, неговата Атланта беше поразена со 122-129. Српскиот репрезентативец постави рекорд на кариерата, постигна 10 тројки од 17 обиди.

На другата страна Никола Јокиќ успеа да фати ритам, запиша 25 поени, заедно со Мареј (29 поени) беа лидери во редовите на шампионот.

„Почнавме да играме како да сме во паника. Победата е победа и тоа е најважно. Имавме паузи секогаш кога ни требаа“, изјави Јокиќ.

Во богатата НБА-програма, Далас успеа да слави против Мемфис со 113-120 на гостински терен. Дончиќ со 35 поени беше прв стрелец кај победникот, зад своето име додаде уште осум скока и 6 асистенции.

Резултати: Шарлот – Мајами 114-116, Детроит – Индијана 123-131, Орландо – Кливленд 104-94, Филаделфија – Вашингтон 146-101, Атланта – Денвер 122-129, Њујорк – Торонто 136-130. Хјустон – Сан Антонио 93-82, Мемфис – Далас 113-120, Милвоки – Чикаго (прод.) 133-129, Њу Орлеанс – Минесота 121-107, Оклахома – Јута 134-120, Сакраменто – Бруклин 131-118, ЛА Клиперс – Портланд 132-127.

ПретходноСтоле со „чиста мрежа“ му донесе бод на Рајо
СледноПо нападот над судијата – турското првенство е прекинато!