Во петок и сабота ќе се играат сите средби од 15.коло во ПМФЛ. Ова е поради фактот дека следното, тоа 16.коло е закажано за вторник (01.12) и среда (02.12).
Дербито од 15.коло се игра во Кавадарци каде играат Тиквеш и Шкендија (Т), третиот и вториот тим на табелата, овој меч се игра в сабота од 13 часот. Истиот ден, само од 12 часот на програмата се два меча, Силекс – Струга ТЛ во Кратово и Арсими – Вардар во Гостивар.
Во продолжение можете да ги видите термините и сатниците за сите средби од 15.коло.
РАСПОРЕД ЗА 15.КОЛО – САБОТА
ПЕТОК (27.11.2026)
Скопје (Чаир): Шкендија (А) – Брегалница (12 ч)
Куманово: Башкими – Скопје (13 ч)
САБОТА (28.11.2026)
Гостивар: Арсими – Вардар (12 ч)
Кратово: Силекс – Струга ТЛ (12 ч)
Кавадарци: Тиквеш – Шкендија (13 ч)















