Кошаркарскиот клуб на Влазними предмалку објави дека ја прекинува соработката со македонскиот кошаркарски стратег и некогашен наш селектор Александар Јончевски.
Клубот му се заблагодарува на искусниот стратег, додава дека разрелбата е со взаемна согласност и дека и двете страни си посакуваат успех во иднина.
„Му се заблагодаруваме на тренерот за неговата посветеност и придонес кон нашиот клуб и му посакуваме понатамошен успех во неговата професионална кариера.
Никола Божиновски ја презема функцијата главен тренер; му посакуваме успех во водењето на тимот.“ – се вели во соопштението на клубот.










