Штип потпиша Американец кој минатата сезона беше втор стрелец на Мемфис

1
Фото: КК Штип

ГКК Штип се засили со американскиот кошаркар Синсир Паркер, кој треба да биде ново решение во бековската линија на тимот.

Паркер доаѓа со колеџ-искуство од САД, каде што настапуваше за Сент Луис, Мекнис Стејт и Мемфис. Во последната сезона за Мемфис имаше просек од 11,9 поени по натпревар, а претходно во дресот на Мекнис бележеше 12,2 поени.

Американецот зад себе има и одлични индивидуални изданија, а еден од најдобрите настапи му беше натпреварот против УАБ, на кој постигна дури 40 поени.

Со ова засилување, Штип добива уште еден американски кошаркар во обидот да состави конкурентен тим за новата сезона.

ПретходноНе помогна ниту дабл-даблот на Јокиќ: Убедлив пораз од Денвер во НБА лигата (ВИДЕО)