Пелистер доби јасна слика откако Гумерсбах ја растури Ла Риоха

10
Фото: РК Пелистер

Во групата на Пелистер веќе е јасна сликата пред последното коло од групната фаза во Европската лига. Гумерсбах одигра одличен натпревар и на домашен терен славеше убедливо против Ла Риоха со 42-26. Со оваа победа, германскиот тим стигна до шест бода и се израмни со Гдањск на врвот на табелата.

Пелистер за сигурен пласман во главната рунда мора да слави против шпанскиот тим. На тој начин ќе обезбеди едно од првите две места, а конечниот пласман нема да зависи и од директната пресметка меѓу Гумерсбах и Гдањск. Во случај трите екипи да имаат по седум бода (победа на Пелистер и реми во Полска), пласман понатаму ќе обезбеди македонскиот тим бидејќи има подобар скор во меѓусебните дуели со двата ривали.

Македонскиот тим по триумфот над Гдањск има пет бода, еден помалку од директните конкуренти.

ПретходноМурињо: Ќе го вратам Вини во најдобрата форма!