„Убаво е да се игра во ваква атмосфера, ние во вториот дел останавме во хотел“

0
По убедливата победа над Гдањск (34-27), ракометарите на Пелистер ги задржаа надежите за пласман во главната рунда на Европската лига. Полскиот тим, пак, си ја отежна ситуацијата во битката за следната фаза, а по натпреварот Миколај Чаплински отворено зборуваше за причините за поразот.

Гостинскиот ракометар призна дека неговиот тим имал многу проблеми во играта, особено во првото полувреме, за кое даде и интересен коментар.

„Во првиот дел имавме доста проблеми во нападот и во одбраната. Беше убаво да се игра во ваква атмосфера, но во првиот дел останавме во хотелот наместо да дојдеме во сала. Во вториот дел бевме подобри, но клучно беше тоа што направивме многу грешки во текот на натпреварот, особено во првото полувреме. Во последниот меч ќе играме со Гумерсбах. Среќен сум што сите сме здрави по овој натпревар со Пелистер, затоа што имавме доста проблеми, па ќе видиме на крајот кој ќе биде во следната рунда, дали ние или Гумерсбах“, изјави Чаплински.

ПретходноРФМ го закажа изборот „Ракометари на годината 2026“ во декември