Алкалоид убедлив на „братското дерби“ со Мулти Есенс

1
фото: RK Alkaloid (FB)

Ракометарите на Алкалоид ја оправдаа фаворитската улога и убедливо го совладаа Мулти Есенс во „братското дерби“ во домашниот ракометен шампионат. Алкалоид славеше со 39-23, во натпревар во кој победникот практично беше решен уште во првото полувреме. Алкалоид на паузата имаше убедлива предност од 20-14, а во продолжението дополнително ја зголеми разликата, стигнувајќи до триумф од дури 16 гола.

Најефикасен во победничкиот состав беше Дамјан Митев со 11 погодоци, од кои пет од седум метри. Одличен настап имаше и Александар Петковски со осум гола, додека Емилијан Ѓорговски постигна четири. Голманот Иван Галевски забележа 12 одбрани.

Кај Мулти Есенс, Јаков Трајковски беше најпрецизен со четири гола, додека Стефан Ѓоргиевски и Христијан Гурмешевиќ постигнаа по три.

ПретходноФранцуска магија во изведба на Нтанзи (ВИДЕО)