По третпат: Американците ќе бидат домаќини и на Копа Америка 2028

0

Јужноамериканската фудбалска конфедерација КОНМЕБОЛ и северноамериканската КОНКАКАФ официјално потврдија дека Соединетите Американски Држави ќе бидат домаќини на Копа Америка во 2028 година. Турнирот ќе се одржи од 9 јуни до 9 јули 2028 година, а ќе учествуваат 16 репрезентации – десетте членки на КОНМЕБОЛ и шест селекции од КОНКАКАФ.

Шесте северноамерикански и карипски репрезентации ќе го обезбедат пласманот преку Голд купот во 2027 година. Тоа значи дека повторно ќе гледаме заедничко натпреварување на најдобрите селекции од двата континента, како што беше случај и во 2024 година.

За САД ова ќе биде третпат да ја организираат Копа Америка, по изданијата во 2016 и 2024 година, а воедно и вторпат последователно. На последниот турнир Аргентина ја освои титулата, победувајќи ја Колумбија со 1:0 во финалето, со голот на Лаутаро Мартинез во продолженијата.

Засега не се објавени градовите и стадионите на кои ќе се играат натпреварите. Интересно е што турнирот ќе се одржува непосредно пред Летните олимписки игри во Лос Анџелес, кои започнуваат на 14 јули 2028 година.

Претходно„Турскиот Меси“ отиде во привремена пензија на само 29 години!?