Мајсторија во Третата лига: Гол со рабона од мртов агол (ВИДЕО)

1

Несекојдневен погодок доаѓа од македонските фудбалски терени, поточно од Третата лига. Фудбалерот на ФК Крошу, Љупчо Тарашовски, постигна вистинско ремек-дело во дуелот против Кравари.

Тарашовски се реши на потег кој ретко се гледа и на најголемите фудбалски сцени. Со таканаречена рабона, од позиција блиску до аут-линијата и речиси од мртов агол, успеа да го лобува противничкиот голман и да ја испрати топката во мрежата.

ПретходноФлик: Во Барселона мотивација не недостасува ниту за дуели како против Сабах