Евролига: Виртус ја уништи Црвена Звезда во Белград

1
фото: КK Crvena zvezda (FB)

Кошаркарите на Виртус Болоња приредија вистинска офанзивна демонстрација на гостувањето во Белград, совладувајќи ја Црвена Звезда со високи 108:84, во натпревар од 14. коло во Евролигата. Италијанскиот тим ја презеде контролата уште во првата четвртина, која ја доби со 23:17, а на полувремето веќе имаше предност од девет поени – 50:41.

Виртус продолжи да ја зголемува разликата и во второто полувреме, постигнувајќи 28 поени во третата и 30 во последната четвртина. Најефикасен кај Црвена Звезда беше Чима Монеке со 20 поени, додека Дерик Алстон и Кеслер Едвардс со по 15 поени беа најефикасни кај Италијанците.

Ова беше шестиот пораз на Црвена Звезда во досегашниот дел од Евролигата, додека Виртус ја прослави само шестата победа.

ПретходноПешевски: Максимално одговоривме на предизвикот – овој дрес на Пелистер тежи!