Денвер игра со премногу осцилации во досегашниот дел од сезоната, а тоа се одразува и на резултатите. Тимот никако не успева да пронајде континуитет во играта, иако тоа е тешко да се постигне кога само двајца кошаркари го одржуваат потребното ниво – Никола Јокиќ и Џамал Мареј.
Токму двајцата беа најдобрите во убедливиот пораз на Денвер од Далас (101-120), и тоа на домашен терен.
Српскиот центар го заврши натпреварот со дабл-дабл учинок од 18 поени, 11 скока и пет асистенции. Имаше солиден шут од игра (5/10 за два, 1/4 за три и 5/5 од линијата за слободни фрлања). Мареј беше најефикасен во редовите на Денвер со 20 поени, иако имаше проблеми со реализацијата (4/9 за два и 2/8 за три).
Еден од најголемите проблеми за Нагетс е слабата форма на Арон Гордон, кој за 24 минути на паркетот постигна само еден поен.
На спротивната страна блескаше Купер Флег со 24 поени, 12 асистенции и шест скока. Поддршка имаше од Наџи Маршал и Пи Џеј Вашингтон, кои постигнаа по 14 поени, додека Кајри Ирвинг натпреварот го заврши со 11 поени, со слаб шут за три поени (1/8).
Орландо – Детроит 86-104
Вашингтон – Бостон 116-131
Денвер – Далас 101-120










