„Првпат зборувам за ова, но да, разговарав со нив. Речиси ми беше непријатно да ја одбијам Италија“, изјави Гвардиола за ESPN во разговор за „Ромарио ТВ“.
Шпанскиот стратег додаде дека водењето на „аѕурите“ би било една од најголемите почести во неговата тренерска кариера.
Не сакал да се врати на тренерската работа
Гвардиола откри дека во име на Италијанската фудбалска федерација со него контактирале поранешните фудбалери на Милан, Паоло Малдини и Леонардо. Сепак, и покрај нивниот повик, решил да не ја прифати понудата.
„Сфатив дека ми е потребна пауза“, објасни Гвардиола.
Тој посочил дека по 18 години тренерска работа, исполнети со постојан ритам на натпревари на секои неколку дена, сакал да се посвети на себе и да направи пауза од фудбалот.
По десет години минати на клупата на Манчестер Сити, Гвардиола моментално е без ангажман. Шпанските и италијанските медиуми во изминатиот период го поврзуваа со неколку клубови од Саудиска Арабија, но и со селекторската позиција во тамошната репрезентација. Детали за евентуалните понуди не беа објавени.
Ова не е единствената селекторска понуда што ја одбил по заминувањето од Манчестер Сити. Претходно се споменуваше и како можен наследник на Маурисио Покетино на клупата на репрезентацијата на САД, откако аргентинскиот стратег замина во Манчестер Јунајтед и наводно токму Гвардиола го препорачал како негов наследник.










