ЛШ – 5.коло: Европскиот шампион без Дуе и Квича на мегдан со Рома, Покетино и Јунајтед на гости во Лисабон

0
ФОТО:.facebook.com/PSG/

Вечерва во стандарните термини од 18.45 и 21 часот се играат уште девет натпревари од 5.коло во Лигата на Шампионите. Дербити се игра во Париз каде на „Паркот на Принцовите“ силите ќе ги одмерат ПСЖ и Рома. Јасно е дека европскиот шампион ќе има тепка задача, посебно ако се знае дека поради повреда нема да играат клучните напаѓачи Дезире Дуе и Квича Кварацкелија, и за двајцата сезоната веќе заврши.

Тимот на Луис Енрике посакува “пет од пет“, а Рома со бод(ови) да се пробие на некое повисоко место на табелата.

Интересно треба да биде на дуелите Спортинг – Манчестер Јунајтед, Интер – Штутгарт, Лил – Баерн Минхен кој ќе биде драстично ослабен со неиграњето на Кејн и Олисе, Барселона без Јамал гостува кај Сабах.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки за денеска:

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

18.45 ч

Сабах – Барселона

Славија Прага – Виљареал

21.00 ч

Атлетико Мадрид – Викинг

Клуб Бриж – Ливерпул

Интер – Штутгарт

Лил – Баерн Минхен

ПСЖ – Рома

Шахтјар – Фенербахче

Спортинг – Манчестер Јунајтед

ПретходноУЕФА го прогласи Мбапе за играч на натпреварот, а потоа Французинот направи потег за паметење