По нападот над судијата – турското првенство е прекинато!

3573

Турската фудбалска федерација одлучи да го прекине првенството таму на неодредено време по физички напад врз судијата на натпреварот Анкарагучу и Ризеспор.

Средбата од 15. коло во турскиот шампионат заврши со резултат 1:1, а на самиот финиш на натпреварот дојде до нереди. Прв на теренот истрча Фарук Коха, претседател на локалниот клуб, следен од бројни навивачи.

Претседателот на Анкарагучу го удри судијата Халил Умут со тупаница по лицето, по што тој падна на тревникот, а потоа 37-годишниот судија добил уште неколку удари, најверојатно од навивачи.

Веднаш по тие настани Турскиот фудбалски сојуз свика вонреден состанок на кој одлучи да го прекине првенството на неодредено време, јавува француската агенција АФП. Исто така, Здружението на турски фудбалски судии ги повика своите членови да го искористат своето право да се повлечат. Се најави и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Го осудувам нападот врз фудбалскиот судија. Никогаш нема да дозволиме насилството да се меша во турскиот спорт“, рече Ердоган.

ПретходноБогдановиќ против Јокиќ го одигра мечот на кариерата (ВИДЕО)
СледноЗакажана е можеби последната пресметка меѓу Меси и Роналдо