Фудбалерите на Џенова извадија голем бод играјќи 1:1 на домашен терен против еден од главните фаворити за Скудетото сезонава, екипата на Јувентус.
Гигантот од Торино не успеа да оствари уште една победа, иако прв постигна гол на средината на првото полувреме по акцијата на Душан Влаховиќ и Федерико Киеза, по што Киеза беше соборен за пенал. Истиот фудбалер погоди од белата точка за водство на гостите.
На стартот на вториот дел во 48. минута, Екубан му асистираше на Гудмондсон за гол со кој Џенова се врати во живот.
Макс Алегри се обиде да го размрда својот тим, но до крајот не видовме гол за победа.