Легендарниот „Гудисон Парк“ наскоро ќе биде минато за Евертон.
Клубот веќе подолго време гради нов стадион, а сега влегоа и во завршните фази од изградбата.
Сезоната 2024/25 ќе биде последна за Евертон на „Гудисон Парк“ кој е дом на „карамелите“ од 1892 година.
На новиот стадион, кој ќе се вика „Брамли-Мур Док“, ќе има место за 52.888 луѓе. Тоа е значително повеќе отколку на Гудисон Парк, каде што има капацитет за 39.572 навивачи.