Лука Модриќ блескаше во дресот на Тотенхем поради што се најде на мета на голем број тимови во Европа, на крајот се одлучи за Реал Мадрид, чиј член е денеска на свои 38 години.
Хрватскиот фудбалер имал понуда од Манчестер Јунајтед, Сер Алексон лично се обидел да го донесе.
„Се сеќавам дека Ферги ми се јави во врска со Модриќ, но од некоја причина не можев да го реализирам тој трансфер“, откри за „Сан“ тогашниот менаџер на Тотенхем, Хари Реднап.
Неодамна Рио Фердинанд откри дека во 2012 година се обидел да го убеди Модриќ да потпише за Јунајтед.
Тој нагласи дека Модриќ сакал да се пресели во Манчестер Јунајтед, но клубовите не се договориле и тогаш дошол Реал Мадрид.
Интересно е што Јунајтед тогаш го купи Јапонецот Кагава од Борусија Дортмунд за 16 милиони евра.
„Се сеќавам на разговорот со Модриќ. Го прашав дали ќе го напушти Тотенхем и тој рече дека мисли дека ќе го напушти, но не беше сигурен каде ќе оди. Му реков: „Слушај, дојди во Јунајтед“, на што тој ми одговори: „Види, сакам да станам првиот Хрват во историјата на Манчестер Јунајтед. Можеме ли да го направиме ова?. Зборував со луѓето во клубот и со Сер Алекс, но тој имаше други планови. Тој веќе договорил се за трансферот на Кагава. Го донесоа, а Модриќ замина во Реал Мадрид. Останатото е историја“, рече Фердинанд.