Ферари прв ги отвори картите: Промоцијата на новиот болид ден пред Денот на вљубените!

521

Шефот на Ф1 тимот на Ферари, Фредерик Васур, најави дека новиот болид за 2024 година ќе го претстават на 13 февруари, кога ќе го објават и името на болидот со кој се надеваат дека ќе го предизвикаат Ред Бул во новата сезона.

Ферари стана првиот тим кој го објави датумот на презентација на новиот болид, кој го носи кодното име 676, и ќе биде претставен ден пред Денот на вљубените.

„Презентацијата ќе се одржи на 13 февруари, ден пред Денот на вљубените“, откри Васер. „Останатите детали ќе ги дознаете во текот на тој ден“.

ПретходноМиовски и Абердин поразени: Ренџерс го освои Лига Купот на Шкотска!
СледноМладите поразени од Романија во мечот за прво место на „Трофеј Карпати“