Го оставил фудбалот на 22 години, па за 40 дена заработил 8,4 милиони евра!

765

Поранешниот австриски фудбалер Марио Мосбек се откажал од фудбалот на 22 години и за нешто повеќе од месец дена заработил вртоглави 8,4 милиони евра на покер. Мосбок играл за австриските клубови Ст.Полтен и Винер Нојштад, а потоа го „баталил“ фудбалот за да му се посвети на покерот и сега заработува многу пари.
Ноември и декември 2023 година ќе ги помни како најплодни во неговата кариера бидејќи за четириесет дена заработил 8,4 милиони евра со учество на два турнири од светски ранг.
Мосбек во ноември имал убава заработка од турнир во Монте Карло, а пред една седмица играл на најголемиот турнир во 2023 година во Лас Вегас освојувајќи го второто место.

ПретходноНов пораз за Супер-лигата, Артета го кажа своето
СледноАнчелоти дал „зелено светло“ за враќање на Варан