Официјално: Супер-лигата од следната сезона ќе брои 12 екипи!

4264

Во овој момент се одржува Седница на Управниот одбор при РФМ. На истата беше изгласан предлогот за намалување на бројот на екипите за следната сезона во Супер-лига од досегашните 16 на 12.

Учество ќе земат екипите од Супер Лига од сезона 2023/2024 кои разигруваат во плеј-оф и прво и второрангираните кои ќе разигруваат во плеј-аутот од сезона 2023/2024.

Останатите две места ќе бидат дополнети на следниот начин: Шампионот на Првата лига ќе се пласира директно во Суперлигата. Последното место ќе го добие победникот од бараж натпреварот што ќе се игра меѓу третопласираниот тим од Плејаут и второпласираниот од Првата лига.

Суперлигата ќе ја напуштат екипите што во Плејаут ќе завршат од 4 до 8 место.

• Бодувањето по одигран натпревар се валоризира на следниов начин :
– Победа 2 бода ;
– Пораз 0 бодови ;
– Нерешено 1 бод ;

Натпреварите во првиот регуларен дел се одигруваат по еднокружен бод систем вкупно 22 кола .

По завршување на 22-ро коло од регуларниот дел се разигрува плеј-оф и плеј-аут односно екипите пласирани од прво до шесто место ќе ја формираат групата во битка за титулата, додека екипите со остварен пласман 7-мо до 12-то место ќе ја формираат групата плеј-аут од 6 екипи.

Во плеј-офот екипите се натреваруваат во еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2 х 5 кола) вкупно 10 кола до добивање конечен пласман во највисок степен на натпреварување, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 22 кола  по принципот:
– 1-от пренесува 3 бода
– 2-от пренесува 2 бода
– 3-от пренесува 2 бод
– 4-от пренесува 1 бод
– 5-от пренесува 1 бод
– 6-от пренесува 0 бодови

Во плеј-аут групата разигрува по еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2 х 5 кола) вкупно 10 кола за опстанок во Супер Лига, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 22 кола по принципот:

– 7-от пренесува 3 бода
– 8-от пренесува 2 бода
– 9-от пренесува 2 бод
– 10-от пренесува 1 бод
– 11-от пренесува 1 бод
– 12-от пренесува 0 бодови

По добивање на конечниот пласман во плеј-аут 7-мо до 10-то место остануваат во Супер Лига за сезона 2025/2026, 11-от игра бараж со вториот од Прва Лига за пласман во највисок степен на натпреварување за сезона 2025/2026, додека 12-от рангиран во плеј-аут преминува во Прва лига за сезона 2025/2026, а пак пласираниот од Прва Лига преминува во Супер Лига за сезона 2025/2026.

ПретходноВо Стара Пазова се работи под „полна пареа“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноГерманија го објави конечниот список на ракометари за ЕП 2024