Новак Ѓоковиќ и на стартот на 2024 година се најде во центарот на вниманието поради своите бурни реакции. На мечот од Јунајтед Купот тој прво се расправаше со организаторот, бараше да бидат исклучени рефлекторите, а потоа во еден момент „урлаше“ по Горан Иванишевиќ.
Ноле имаше проблем со зглобот за време на паузата меѓу вториот и третиот сет побара масажа и совет од тренерот Горан Иванишевиќ за сервирање. Овој му одговори дека се е во ред, на што Ѓоковиќ нервозно возврати: „Штом те прашувам, значи не е се во ред!“
Видеото може да го видите ТУКА.