Костески: Верувам дека ќе бидеме уште подобри!

134

СпортСпорт во Берлин, Марија Ковачева

Македонската ракометна репрезентација веќе е во Берлин. По ден одмор Кирил Лазаров и неговите избраници од денеска ќе се подготвуваат за вториот дуел на Европското првенство, а тука ги чека домаќинот, Германија. Ова е уште еден противник на нивото на Франција која на стадионот во Дизелдорф славеше убедливо против „црвено-жолтите“.

Никола Костески, еден од поискусните ракометари вели дека не треба да бидат разочарани, бидејчи во одредени периоди, Македонија навистина играше рамноправно.

Македонија и Германија ќе играат на 14. јануари во „Мерцед Бенц Арена“.
ПретходноНајтрофејниот со уште еден трансфер: Ѓурковски се враќа во Вардар! (ФОТО)
СледноПо Санчо, Борусија се засили со фудбалер од Челзи