ЕП: Холандија ја декласира БиХ, Словенија со лекција за Полска, Португалците со втора победа

262

На ЕУРО 2024, од терминот од 18 часот се одиграа три средби. Холандија со 36:20 просто ја декласира селекцијата на БиХ која беше едноставно немоќна за да му се спротистави на далеку поквалитетниот противник. Тен Велде со 9 голови и тоа од девет обиди беше најдобар стрелец во победничкиот тим. Ова беше втора победа за Холандија во групата Е.

Словенија со 32:25 успеа да слави над Полска. Како во првото полувреме, така и во второто. Словенечките ракометари покажаа сила и убедливо ја добија селекцијата на Полска. Маргуч со 6 голови беше најефикасен на средбата, додека одлилчни беа и Кодрин и Бомбач со 5 гола.Ова беше меч од групата Д и втора победа Словенија.

И во групата Ф, селекцијата на Португалија ја победи Чешка со 30:27, и за Португалците ова беше нивни втор триумф на ова ЕУРО 2024. Коста со 11 голови беше убедливо најдобриот поединец на оваа средба.

ПретходноПепи Ѓорѓиев се враќа во Брегалница!
СледноРакометарките на Ѓорче Петров со триумф над Кинжварт!