Ракометарките на Ѓорче Петров со триумф над Кинжварт!

189

Добра игра и победа на ракометарките на Ѓорче Петров во првиот меч од осминафиналето во Европскиот Куп против Хазена Кинжварт со 32:29. Реваншот се игра на 20 јануари во Чешка, и тогаш ќе се знае кој тим ќе се пласира во следната фаза на ова европско натпреварување.

Не беше така лесно за нашиот тим, на средината од првиот дел гостинките водеа со 4:7, а на пауза се замина со резултат 13:14.

Во второто полувреме домшните стигнаа до 16:16, но повторно гостинките имаа водство. Конечно во 43 минута пресврт, водство од 24:22 со три гола во серија. Во самиот финиш Ѓорче имаше водство и од пет разлика, но сепак на крајот резултатот гласеше 32:29.

Најефикасни во составот на Ѓорче беа Коларовска, Јанкуловска и Ризовска со по шест гола.

ПретходноЕП: Холандија ја декласира БиХ, Словенија со лекција за Полска, Португалците со втора победа
СледноПоддршка за Дијамантот: Македонски знамиња на “Ред Бул Арената“! (ФОТО)