Македонија е комплетна: Се приклучија и Нено и Рајт

1

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација е во комплетен состав пред утрешниот дуел со Кипар. На денешниот попладневен тренинг во спортската сала „Лазар Лечиќ“ им се приклучија и нашите интернационалци Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт, со што селекторот Жозеп Марија Берокал ги доби на располагање сите повикани кошаркари.

Приклучувањето на Димитријевиќ и Рајт претставува значајно засилување за националниот тим во пресрет на важниот натпревар, на кој Македонија ќе ја бара втората победа во втората рунда од претквалификациите за пласман на Евробаскетот во 2029 година.

Атмосферата во репрезентативниот табор е позитивна, а избраниците на Берокал се подготвени за утрешниот предизвик. Натпреварот со Кипар е закажан за 18:00 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје.

По августовскиот претквалификациски прозорец, Македонија и Кипар влегуваат во овој дуел со идентичен биланс – по една победа, остварена против селекцијата на Австрија, третата репрезентација во групата „Ф“.

Натпреварот Македонија – Кипар ќе биде директно пренесуван на програмата на МРТ 1.

ПретходноРакометарките на турнир во Турција