Шведска подобра од Холандија, Словенците “газат“….

174

Вечерва во терминот од 20.30 часот се одиграа три средби од групната фаза на ова ЕУРО 2024. Во интересен и пред се квалитетен меч, Шведка славеше над Холандија со 29:28. Тоа беше меч за ракометно уживање, сепак на крајот Швеѓаните ги освоија бодовите. Овој меч го судеше македонската двојка Начевски – Николов.

Словенија ја оствари и третата победа во третиот меч на ЕП. Вечерва против Норвешка со 28:27. Нема што, Словенците покажуваат сила и во следната фаза пренесоа два бода што секако дека и тоа како многу ќе им значи. Во победничкиот тим блескаше голманот на Е. Пелистер, Урбан Лесјак.

Данска немаше никакви проблеми со Португалија, славше убедлив триумф од 37:27. Ако во првиот дел Португалците пружија каков таков отпор, во продолжение од средбата Данска едноставно си одигра како што знае и покажа кој е кој. Инаку и пред овој меч се знаеше дека и двете селекции одат натаму.

ПретходноА кој друг? Лео Меси според ФИФА е нај, нај за 2023 и тоа пред Халанд и Мбапе! (ФОТО)
Следно„The Best“: Лео, Пеп, Едерсон и сите останати најдобри според ФИФА! (ФОТО)