Дејан Манасков долго време беше надвор од терените. Откако со Вардар 1961 не успеа да ја продолжи соработката, македонскиот репрезентативец имаше подолга пауза.
Она што беше најавено на почетокот на сезоната, се реализира дури денеска. Прашање е кога Пелистер ќе го промовира како ново засилување во своите редови за продолжение на сезоната во која битолскиот тим ќе се обиде да ја одбрани титулата, а на патот го има екс-тимот на Манасков, Вардар, како и Алкалоид и ГРК Охрид.
На левата крилна пизиција во Пелистер се Петар Атанасијевиќ и Цветан Кузманоски. Останува да видиме дали Манасков ќе успее да се врати во формата кога го носеше дресот на Вардар, но и кога играше во Веспрем.