„Лавиците“ од Ѓорче Петров ќе го дознаат патот до финалето (ЛИНК)

107

Екипата на ЖРК Ѓроче Петров денеска (11 часот) ќе го дознае противникот во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп. „Лавиците“ во Чешка успеаја да ја одбранат позитивата против Кинжварт и немаат намера да застанат.

Осумте најдобрите тимови ќе бидат сместени во еден сад, а онаа екипа која ќе биде прва извлечена ќе биде домаќин. Веднаш по завршување на четвртфиналната ждрепка ќе се одржи и извлекувањето на полуфиналните двојки, па ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров ќе го знаат целиот пат до финалето.

Осумте екипи кои се квалификуваа за 1/4 финалето се следниве:
Ѓ. Петров – Македонија
Јаликавак – Турција
Гранољерс – Шпанија
Елче – Шпанија
Гран Канарија – Шпанија
Бенфика – Португалија
Венло – Холандија
Михаловце – Словачка

Ждрепката можете да ја гледате на следниот линк.

ПретходноЛуда вечер – Ембид постигна 70 поени (ВИДЕО)
СледноШкупи со шпиц од Норвешка оди во лов на титулата!