Луда вечер – Ембид постигна 70 поени (ВИДЕО)

987

Каква ноќ во НБА-лига. Лука Дончиќ против Бостон по 38. пат оствари трипл-дабл со 30 поени и на вечната листа го помина Леброн Џејмс. Кевин Дурент постигна 43 поени, вклучувајќи го победничкиот против Булси (115-113).

Но, во центарот на вниманието е МВП-то од минатата сезона. Џоел Ембид им донесе победа на Сиксерси над Спарс (133:123), а тој постигна клупски рекордни 70 поени (24/41 од поле, 21/23 слободни фрлања), а додаде и 18 скока и 5 асистенции.

Ембид на тој начин го собори рекордот на франшизата, кој беше еден од највисоките досега со 68 поени. Вилт Чембрлен постигна толку многу поени кога клубот сè уште беше Филаделфија Вориорс. Ембид го стигна и Мајкл Џордан. Имено, само тие двајца во последните 40 години одиграле натпревар со ефект 65/15/5. Но, Ембид е единствен во историјата на НБА со 70/15/5.

Во исто време, но на другата страна на Америка, во Минеаполис, Карл-Ентони Таунс стана рекордер на Волвс. Додуша, загубија од Хорнетс (128:125), но никој не зборува за резултатот туку за подвигот кој го направи Таунс. Тој постигна половина од поени на својот тим (62) и стана најдобар стрелец на Минесота на сите времиња, соборувајќи го сопствениот рекорд за два поени.

ПретходноЛапорта за победата на Реал: Срамота!
Следно„Лавиците“ од Ѓорче Петров ќе го дознаат патот до финалето (ЛИНК)