Вардар летна за Анталија, таму ќе одигра пет пријателски натпревари

338

Утринава експедицијата на ФК Вардар летна за Анталија каде ќе ги одработи подготовките во пресрет на пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ. Главниот дел од зимските подготовки, стручниот штаб ќе ги искористи за воигрување на речиси комплетираната екипа, а секако ќе се обрне внимание и на физичката и тактичка подготвеност, на која стручниот штаб на чело со тренерот Горазд Михаилов, особено ќе обрне внимание.

А во Анталија се закажани пет пријателски средби и тоа:

ФК Вардар – ФК Заглебје Лубин (Полска) 29.01.2024
ФК Вардар – ФК Аркадак (Туркменистан) 31.01.2024
ФК Вардар – ФК Металург Бекабег (Узбекистан) 03.02.2024
ФК Вардар – ФК Креузлингер (Швајцарија) 05.02.2024
ФК Вардар – ФК Колос (Украина) 06.02.2024

ПретходноКои се непосакуваните противници на Македонија во бараж мечот за СП 2025?
СледноГвардиола за Клоп: Сега помирно ќе спијам, поради него имав кошмари