Кои се непосакуваните противници на Македонија во бараж мечот за СП 2025?

548

Македонската ракометна репрезентација денеска ќе го добие противникот за бараж мечот за пласман на Светското првенство 2025 година кое ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.

Нашите ракометари по победата над Швајцарија во групната фаза на Европското првенство кое се одржува во Германија си обезбедија место во првиот шешир и ги избегнаа далеку поислните репрезентации. Македонија дефинитивно нема да игра против Словенија, Унгарија, Португалија, Австрија, Исланд, Холандија, Шпанија, Ц. Гора, Чешка и Полска, селекции кои исто така се во првиот шешир.

Противникот на македонската репрезентација доаѓа од вториот шешир каде има неколку „нагазни“ мини, како Србија, Швајцарија, а не се за потценување ниту Романија или пак Ф.Острови.

Идеално сценарио би биле Грција, БиХ, Белгија/Италија, Естонија/Украина, Словачка/Израел, Финска/Литванија.

Македонија преку овој бараж ќе го бара деветото учество на Светските првенства, седмо во низа.

Ждрепката е закажана во 14 часот во Келн, поточно тогаш ќе започне завршната прес-конференција на ЕП, по што ќе следи извлекувањето на двојките за бараж мечевите за СП.

1 ШЕШИР
Словенија, Унгарија, Португалија, Австрија, Исланд, Холандија, Шпанија, Ц. Гора, Чешка, Полска, Македонија.
2 ШЕШИР
Грузија, Србија, Ф. Острови, Швајцарија, Романија, Грција, БиХ, Белгија/Италија, Естонија/Украина, Словачка/Израел, Финска/Литванија.

ПретходноМеч ќе се преигрува поради погрешна одлука на ВАР
СледноВардар летна за Анталија, таму ќе одигра пет пријателски натпревари