И официјално Иван Ракитиќ има нов клуб!

748

Иван Ракитиќ е играч на Саудиска Ал Шабаб. Хрватскиот фудбалер за врска ги помина лекарските прегледи и веднаш ја напушти Севиља. Тој потпиша договор до јуни 2025 година. Не е познато дали Саудијците и платиле на Севиља отштета за Ракитиќ, бидејќи неговиот договор со шпанскиот клуб траеше до крајот на оваа сезона.

Според Трансфермаркт, Ракитиќ вреди 4.000.000 евра, а оваа сезона има 27 настапи, два гола и четири асистенции во 2037 минути игра.

Во својата богата кариера настапуваше за Базел, Шалке, Севиља и Барселона, а за хрватската репрезентација на 106 настапи има 15 гола и сребрен медал на Светското првенство во Русија 2018 година.

Ја остава Севиља на 16. место во Ла Лига. Новиот клуб на Ракитиќ, Ал Шабаб е 11-ти на табелата во саудиското првенство.

ПретходноКарабатиќ: Не играв за децата, семејството или публиката – овој турнир го играв за себе!
СледноТФТ прв на сцена во Нови Сад!