Клоп: Не сум од камен! Добро е што луѓето престанаа да ме слушаат!

460

Екипата на Ливерпул ја совлада екипата на Норич со 5-2 и се стекна со огромна предност на ФА Купот. Ова беше прв натпревар на „црвените“ откако нивниот менаџер – Јирген Клоп на почетокот на неделата најави оставка од функцијата на крајот од сезоната.

По натпреварот коментарот на Германецот повеќе беше насочен кон реакцијата на навивачите отколку на спортските и техничките аспекти на натпреварот.

„Не е секогаш лесно, но моја работа е да ги земам работите во свои раце. Тоа беше првиот натпревар откако објавив дека заминувам, ги добив сите пораки што ми ги праќаа луѓето, не сум од камен. Неодамна реков „Не ја пејте оваа песна додека играме“. Очигледно луѓето престанаа да ме слушаат. Ова е добро. Не сум тука да им кажувам на луѓето што да прават“, рече Клоп.

 

ПретходноВујовиќ: Замислете да играше Југославија, знаете ли како ќе поминеа Франција и Данска?
СледноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА со поддршка за мотоциклистички шампион Христијан Бузалковски во неговиот поход за победи 2024