Попладнево во Охрид во пријателски натпревар, Силекс со 2:1 успеа да го победи второлигашот Пелистер. Избраниците на Алексндар Васоски за само две минути во првото полувреме, во 25. и 27.минута со головите на Милосављевиќ од слободен удар и Каланоски дојдоа во водство од 2:0.
Во второто полувреме тимот од Битола успеа само да го ублажи пораз за конечни 2:1.