Чави Пасквал не е веќе селектор на Романија!

364

Од денеска и официјално селекцијата на Романија, која беше учесник на последното ЕУРО 2024 во ракомет, има нов селектор. Откако Чави Пасквал беше сменет од функцијата, на истата прес-конференција која беше одржана денеска, беше кажано дека нов предводник е Георге Буричеа.

Тој е тренер на Констанца и ќе ја предводи репрезентацијата во баражот за СП 2025 година, на двомечот против Чешка. Сепак Пасквал ќе остане во улога на советник.

Инаку Романија пред 40-50 години важеше за најсилната селекција или барем се наоѓаше во ТОП-3 селекции во светот, но во последните неколку децении, оваа земја никако не може да дојде до врвот на светскиот ракомет.

Некогаш Стеауа беше најдобриот тим во светот, Василе Стинга најдобриот ракометар, но тие денови никако не може да се вратат.

ПретходноПријателски: Шкупи ремизираше со Рух Хоржов, Тиквеш ја победи Дубочица!
СледноПријателска во Охрид: Силекс го победи Пелистер!