Менаџерот на Нотингем Форест, Оливер Гласнер, упати остри критики до дел од фудбалерите на англискиот премиерлигаш, посочувајќи дека некои од нив и по четири години поминати во Англија сè уште не го научиле англискиот јазик.
Австрискиот стратег смета дека ваквиот однос е показател за недоволно високи професионални стандарди во клубот и нагласи дека секој што работи во странска земја треба да го научи нејзиниот јазик.
„Имаме играчи кои се тука веќе четири години, а сè уште не го знаат англискиот јазик. Ако отидете во Италија, по три месеци секој фудбалер веќе дава интервју на италијански јазик“, изјави Гласнер.
Тој направи паралела и со сопствената одговорност како тренер, нагласувајќи дека и од него се очекува да ги исполнува истите стандарди.
„Ако сакам да тренирам во Англија, морам да знам англиски. Ако сакам да тренирам во Италија, морам да знам италијански. Во спротивно, ако Оливер Гласнер сака да зборува на својот дијалект, нека си остане дома во Австрија, каде што сите ќе го разбираат“, порача австрискиот тренер.
Критиките доаѓаат во период кога Нотингем Форест се соочува со резултатски проблеми и се наоѓа во долниот дел од премиерлигашката табела. Според Гласнер, промените не треба да се однесуваат само на играта на теренот, туку и на односот кон обврските, комуникацијата и секојдневната работа во клубот.










