Пред два дена се договори со Барселона, а сега потпишува за Тотенхем

321

Лукас Бергвал нема да ја продолжи кариерата во Барселона. Шведскиот фудбалер договорил се со каталонскиот клуб, но тогаш во борбата се вклучил и Тотенхем и 18-годишниот Бергвал решил да замине во Лондон.

Бергвал одигра 29 натпревари за Ѓургарден и шведскиот клуб за него треба да добие околу 10 милиони евра. Во јануари талентираниот играч за врска дебитираше за шведската репрезентација на пријателскиот натпревар против Естонија.

“Бергвал сакаше да игра за голем број од најголемите европски клубови, но на крајот остана да бира меѓу Барселона и Тотенхем. Тој го избра англискиот клуб. Во петок ќе ги помине медицинските прегледи, ќе потпише петгодишен договор и ќе му се приклучи на својот нов клуб во лето“, објави Sky Sports.

ПретходноСрамно: Ова е речникот на Даниел Димевски, ова е мејлот кој тој го праќа до Иницијативниот одбор за негова смена!
СледноОфицијално: Црна Гора со Просинечки како селектор на мегдан со Македонија!