Францускиот репрезентативец и член на полскиот шампион Кјелце, Беноа Конку е пуштен од притвор, објавија француската полиција.
Против 26-годишниот ракометар е покренато обвиненение по пријавата на 21 годишна девојка која тврди дека тој сакал да ја силува во дискотека во Париз.
Конку веднаш по враќањето од Германија каде неговата Франција го освои златниот медал, откако ја совлада Данска, беше притворен. Дали навистина имал обид за силување ќе покаже истрагата која е во тек.










