Ридигер има хематом, под прашалник настапот на дербито со Атлетико (М)

191

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Ридигер може да го пропушти дербито со Атлетико Мадрид, што ќе биде сериозен проблем за лидерот во ла Лига. 

30-годишниот германски дефанзивец се повреди во финишот на првото полувреме од одложениот натпревар од 20. коло против Хетафе (2:0) и беше заменет на полувремето.

Според извори од клубот, Ридигер добил силен удар и има модрица на левата надколеница, по што се развил хематом.

Учеството на централниот бек во мадридското дерби ссо Атлетико на 4 февруари сега е доведено во прашање, но не е исклучено тој сепак да се појави на теренот, ако лекарите успеат навреме да го оправат.

ПретходноВардар подобар од Т. Пролет во денешната контрола
СледноТешки денови за Лавеци: Префрлен во психијатриска клиника!