Во најинтересниот меч вечерва во рамките на 25. коло од Евролигата, екипата на Виртус Болоња со резултат 88:84 славеше над белградски Партизан. За домашните ова беше 16-та победа, додека Партизан остана со 12 победи.
За разлика од претходните неколку натпревари, Партизан вечерва во „Сегафредо арената“ настапи со изменет состав, откако Урош Трифуновиќ поради здравствени проблеми го пропушти мечот, а во составо се вратија Џејлин Смит и Данило Андушиќ.
Иако Партизан одигра одличен меч, сепак, драмата во финишот им припадна на домашните. Лундберг го предводеше тимот на Виртус со 20 поени и пет скока, а кај Партизан Пантер постигна 22.
Црвена звезда вечерва на домашен терен загуби од Барселона со 76:85. Гостите беа во предност цел меч и на крајот без посебни проблеми го приведоа до победа.
Немања Недовиќ имаше 21 поен, Јаго 13 и Боломој 12 кај домашните, додека лидери во победничкиот тим беа Бризуела со 20 и Весели со 16 поени.
Кошаркарите на литванскиот шампион Жалгирис во последното коло на домашен терен го декласира Ефес, а вечерва одигра уште еден одличен натпревар пред своите гледачи и го совлада Панатинаикос со 80:68.
Кинан Еванс беше најдобар во победничкиот тим со 24 поени.
ЕВРОЛИГА – 25. КОЛО
Анадолу Ефес – Арамани Милано 79:73
Жалгирис – Панатинаикос 80:68
Ц. Звезда – Барселона 76:85
Виртус Б. – Партизан 88:84
Монако – Фенербахче 76:69










