Сон ја однесе Јужна Кореја во полуфиналето на Азискиот Куп (ВИДЕО)

148

Капитенот на Јужна Кореја, Сон го испрати својот национален тим во полуфиналето на Азискиот куп со гол во продолженијата на мечот со Австралија. Голгетерот на Тотенхем погоди во 104. минута на мечот и обезбеди победа за тимот предводен од Јирген Клинсман од 2:1 против селекцијата на Австралија.

Сон најпрвин изнуди пенал по соло пробив во 95. минута од натпреварот, од кој Хи-Чан Хванг успеа да израмни на 1:1 и да обебзеди продолженија. Австралија имаше полуфинале в рака, но иско водеше од 42. минута со голот на Гудвин, не успеа да ја задржи предноста.

Во битка за финалето, Ј. Кореја ќе игра против Јордан, кој денеска успеа во првото четвртфинале да ја победи селекцијата на Таџикистан со 1:0.

ПретходноМакедонија ќе биде домаќин на Балканското првенство во одбојка на песок (У22)
СледноМЗТ Скопје ја „растури“ Шибенка за шеста победа во АБА 2 лигата