Без поголеми проблеми кошаркарите на нашиот шампион МЗТ Скопје Аеродром ја остварија и шестата победа во тековната сезона од регионалната АБА 2 лига. Вечерва на турниот во Нови Сад, „штрковите“ тотално издоминираа на дуелот со Шибенка и на крајот остварија убедлив триумф со 93:77.

Со оглед на тоа како се одвиваше мечот во првите три четвртини, беше јасна разликата во квалитетот. МЗТ Скопје на полувреме имаше предност од 18 поени (55:37), а успеа да ја зголеми предноста до 22 поени на крајот на третиот период.

Сепак, на почетокот на последната четвртина, Шибенка успеа со серија поени да ја намали негативата. Сепак, по минутата одмор, МЗТ се врати со полна сила и успеа да се врати во посакуваниот ритам. Оваа победа ќе обезбеди дополнителна самодоверба за момците на тренерот Атанасов во пресрет на неделното дерби со домаќинот на турнирот екипата на Војводина.
Делалиќ со 16 поени беше најефикасен во редовите на нашиот првак, а добра партија имаа и Баковиоќ и Ворку кои постигнаа по 15.










